Господин Иларион: Абортусот е грев и убиство, но секој сам треба да одлучи

Од:

Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион изјави дека секој човек има слободна волја за да одлучи што да прави во врска со прекинувањето бременост, но оти за него абортусот е грев и убиство.

– Но, наше е да кажеме што е добро, а што е зло. Јас советувам, повикувам и замолувам, бидејќи знаеме дека во светот има многу бездедетни родители, кои ете поради некоја причина не можат да имаат деца, советувам наместо да го абортираат, да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат среќни и весели со новите рожби, изјави господин Иларион, кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на црквата „Свети Константин и царица Елена“.

Митрополитот на Брегалничката епархија вели дека верниците ги советува онака како што е богоугодно, но секој има право да одлучува и слободна влја за абортусот и новиот закон.

Во штипската населба „Балканска“ денеска почна изградбата  и беа осветени темелите на црквата „Свети Константин и царица Елена“, чиј ктитор е бизнисменот Ване Богдов. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Штип Илчо Захариев.

Градоначалникот на Општина Штип, Захариев истакна дека во моментов во Штип се градат шест цркви на различни локации, а според него голем ден е бидејќи во населбата Балканска се гради првата црква посветена на „ Свети Константин и царица Елена“.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија