ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно време за транспарентен и релевантен попис, во спротивно се докажува дека Заев подготвува фалсификат

Од:

„Зоран Заев е нервозен затоа што ВМРО-ДПМНЕ го фати во обид да го фалсификува пописот.

Заев сака да спроведе талибански попис, како што организираше талибански избори. Заев не кажува ни по која методологија ќе се прави пописот и ја држи во незнаење и јавноста, но не ги прифаќа ни предлозите на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да ја сфати сериозноста на статистичката операција попис и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 10.000 терминали за отпечатоци од прст со кој ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата.

Апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори.

Пописот е стратешка операција врз база на која произлегуваат податоци врз основа на кои се спроведуваат политики на државата на среден и долг рок. Токму затоа Заев да ја сфати сериозни оваа операција и да ги надмине внатрепартиските превирања во корист на Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус