БМВ се врти кон производство на електрични возила

Од:

Германскиот производител на луксузни возила БМВ планира значително да го зголеми производството на електрични автомобили, изјави извршниот директор Оливер Зипсе за германскиот дневен весник „Аугсбургер алгемајне“.

– Значително го зголемуваме бројот на електрични возила. Од следната до 2023 година, ќе произведеме четвртина милион повеќе електрични автомобили отколку што првично беше планирано, рече Зипсе.

БМВ сака до 2023 електричните автомобили да сочинуваат приближно една петтина од продажбата. Оваа година, нивниот удел е околу осум проценти.

Зипсе повторно повика да се забрза проширувањето на инфраструктурата за полнење.

– Од денес секоја недела во функција би требало да се стават петнаесет илјади приватни и околу 1.300 јавни пунктови за полнење. За жал, сè уште сме далеку од тоа, заклучи шефот на БМВ.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

ЕУ им се закани на САД поради субвенциите за електрични автомобили

Ана Ололовска

Од 2030 година нема да се прават „Мерцедеси“ што одат на бензин, објави „Дајмлер“

Жарко Настоски

„Џенерал моторс“ повлече 69.000 електрични автомобили поради пожар во батериите

Жарко Настоски

„Џенерал Моторс“ вложи две милијарди долари во „Никола“, конкурентот на „Тесла“

Жарко Настоски