„Џенерал Моторс“ вложи две милијарди долари во „Никола“, конкурентот на „Тесла“

Од:

Американскиот стартап за електрични возила „Никола“ и автомобилскиот гигант „Џенерал Моторс“ синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди долари, за производство на теренски возила на водороден погон.

Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто.

Со оваа инвестиција, американскиот автомобилски гигант од Детроит добива 11 проценти од компанијата и едно место во бордот на директори на „Никола“.

Компанијата од Аризона е стартап за електрични возила, конкурент на Тесла, кој ги дизајнира пикап теренците „Баџер“ (јазовец). Според договорот, сериското производство на овие возила треба да започне до крајот на 2022 година.

Погонот на возилата со водород е целосно електричен. За разлика од патничките автомобили Тесла, струјата за електромоторите не доаѓа од литиум-ионова батерија која треба регуларно да се полни од електромрежата, туку од водородни ќелии. Возилата со ваков погон имаат нула издувни гасови, трошат водород а нуспроизводот е вода.

Полнењето на ќелиите се врши на водородни станици кои на Запад засега се многу ретки.

Според договорот, „Никола“ е должна да ја користи технологијата и производството на водородни ќелии на „ЏМ“.

Би можело да ве интересира

ЕУ им се закани на САД поради субвенциите за електрични автомобили

Ана Ололовска

„Сони“ најави компанија за електромобили

Ана Ололовска

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

Нова „батерија на иднината“ за електромобили

Ана Ололовска

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

Ана Ололовска

Од 2030 година нема да се прават „Мерцедеси“ што одат на бензин, објави „Дајмлер“

Жарко Настоски