Заев: Да празнуваме одговорно и да ги поддржиме сите кои се на првата борбена линија против Ковид-19

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска преку видео обраќање испрати порака до граѓаните одговорно да ги прослават претстојните празници.

Заев апелира и да ги поддржиме сите што се на првата линија на борбата со коронавирусот, упатувајќи им посебна благодарност на лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, притоа нарекувајќи ги херои.

– Годинава што изминува ќе остане запамтена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет. Беше и сѐ уште е многу тешко. Но, сите сме ангажирани – секој од нас е загрижен и придонесува со помош и поддршка бидејќи се работи за сопственото здравје, за здравјето на најблиските и за јавното здравје. Но во оваа борба, во првите редови сте ВИЕ, лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците. Сите ВИЕ, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот вирус – го штитите нашето здравје, а тоа значи дека сопственото го ризикувате, заради сите нас. На првата линија сте и вие, припадниците на полицијата, на армијата и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, сите вие на првата борбена линија, сте нашите херои. Ви благодарам за сета пожртвуваност и храброст, вели Заев во обраќањето.

Ве повикувам, додава, огромната поддршка и почит кон лекарите, кон медицинските работници, кон полицијата и армијата, да ја изразиме со најодговорно однесување и со целосно почитување на мерките во периодот пред нас.

– Еве ги новогодишните и божиќните празници. Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските. Затоа, празнувај одговорно – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките – да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата, подвлекува премиерот и уште еднаш на кајот апелира да празнуваме одговорно.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска