Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство, вчера во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

-Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он