Лондон и Брисел конечно се договорија за трговијата, Британија го напушта заедничкиот ЕУ пазар на 1 јануари

Од:

Велика Британија и Европска Унија денеска постигнаа согласност за трговскиот договор по Брегзит, јави Би-Би-Си.

– Со овој договор е испорачано се што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година, се наведува во соопштението на британската Влада.

Премиерот Борис Џонсон, кој ѝ се обрати на нацијата во живо по склучувањето на тешко испреговараниот договор, рече дека продолжувањето на периодот на транзиција во услови на пандемија не било разгледувано како решение, затоа што ќе ја продолжело неизвесноста.

„Го склучивме досега најголемиот трговски договор, вреден е 166 милијарди фунти годишно, комплетен договор за слободна трговија во канадски стил, со Европската унија,“ рече Џонсон.

Според британскиот премиер, договорот ќе ги зачува работните места, ќе дозволи британските производи да се продаваат без давачки и квоти на европскиот пазар, ќе создаде услови за компаниите уште повеќе да го зголемат бизнисот со Европа.

„Од 1 јануари сме надвор од царинската унија и единствениот пазар,“ рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно