Франција ќе ги награди со државјанства имигрантите кои работеле на клучни места за време на пандемијата

Од:

Франција ќе ги награди со државјанство сите имигранти кои работат на работни места од витално значење, потврдено е од француското Министерство за внатрешни работи, кое ги покани сите странци со работни дозволи, кои учествувале во борбата против Ковид-19, да се пријават, јави Би Би Си.

Имигрантите ангажирани на првите линии на фронтот во борбата против Ковид-19, пред се медицинскиот персонал, комуналните работници и трговците, биле повеќе изложени на коронавирусот од останатите и многумина го загубиле животот поради својата работа за време на пандемијата.

Франција е меѓу десетте светски земји најпогодени од пандемијата, со повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на инфекција и речиси 62 илјади смртни случаи.

Иницијативата за забрзано стекнување државјанство првпат е покрената во септември и досега 74 лица веќе добија француско државјанство, а уште 693 молби се во завршна фаза на управна постапка.

Досега вкупно 2.890 лица поднеле барање за забрзан процес за добивање француско државјанство.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата