Полицијата вечерва соопшти дека возачот на „Бентли“ кој вечерва беше снимен како со голема брзина влетува на скопскиот плоштад, е пронајден и санкциониран.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани,“ се вели во соопштението од МВР.
Министерството и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните, се додава во соопштението.