Жител на беровско демнел 11-годишно девојче, преку Фејсбук сакал да го намами на средба

Од:

Беровската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на селото Двориште, кој е осомничен дека се обидувал да намами на средба 11-годишно девојче од беровско, кое сакал да го обљуби.

„Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од с.Двориште, беровско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години,“ се вели во соопштението од МВР.

Како што објаснуваат од полицијата, Д.С. е фатен откако во повеќе наврати преку Фејсбук и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на девојчето, наведувајќи го на средба.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево