Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека здравствената состојба на Милорад Додик не е идеална, но не е ниту страшна.
– Тој е во Бања Лука, вчера испративме тим наши лекари да се консултираат и разговараат со Додик. Тие разгледале сè, ние го следиме во секој момент, се слушам со него два или три пати на ден. Му посакувам добро здравје, но јас не сум лекар за да ви направам стручни анализи, тој добро се држи, но неговата состојба не е идеална, ако можам да го кажам тоа. Не е тоа што би сакале, но не е ни страшно – рече Вучиќ и додаде дека тој ќе има најдобра нега и дека сè е подготвено доколку биде потребно да биде префрлен во Белград.