Обама: Самит на НАТО во 2014 година

Од:

Американскиот претседател Барак Обама по средбата со генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен, најави дека НАТО Алијансата во 2014 година ќе организира самит посветен на конечното поглавје на воените операции во Авганистан.

Обама изјави дека со својот гост во Белата куќа разговарале за мерките кои може да се преземат по 2014 година, за да се обезбеди авганистанските сили да бидат ефикасни и способни да ги контролираат своите граници и Авганистан во иднина да не биде користен како база на терористите.

– Се согласивме дека е корисно, идната година да се организира нов самит на НАТО заради олеснување на процесот, рече Обама и додаде дека Расмунсен работи на тоа да најде држава во која што ќе се одржи самитот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД