Бројот на невработени во Словенија е 111 илјади луѓе што е највисоко ниво во државата во изминатите 20 години, јавија словенечки медиуми.
Според податоци на Државниот завод за статистика во првото тримесечие од годината невработеноста е 11,1 отсто и во споредба со последното тримесечие од минатата година, е зголемен за 14,2 отсто.
Бројот на вработени е намален до 888 илјади луѓе што е најниско ниво од 2003 година.