Денеска претпладне на белградскиот аеродром ќе слета авион со првиот дел од контингентот вакцини Фајзер, објави српски „Блиц“. Контингентот вклучува 4.800 вакцини.
Агенцијата за лекови на Србија пред четири дена даде согласност за увоз на вакцината на Фајзер.
Регулаторите на ЕУ вчера ја одобрија вакцината против коронавирус произведена од компаниите Бајонтек и Фајзер, а на крајот на истиот ден, Европската комисија издаде одобрение за ставање во промет на вакцината, со што стана прва вакцина против Ковид-19 одобрена во ЕУ.