Популаризација на архео паркот Бразда

Од:

Архео паркот Бразда привлекува се повеќе посетители, како домашни така и странски, а свеста кај локалното население значително се крена за зачувување на ова мало парче значајно културно наследство и преубава природа, соопшти денеска Институтот за археолошки истражувања – Скопје.

Институтот за археолошки истражувања-Скопје информира дека реализацијата на проектот „Одржување, промоција и популаризација на архео паркот Бразда 2020“ почна во февруари.

-Најпрво се отстрани големата дива вегетација од локалитетот, активност за која беa ангажирани членови на Институтот. По пролетно уредување паркот редовно се одржуваше секој месец со косење на тревата, собирање на ѓубрето и ситни поправки. Во септември за потребите на паркот, општината Чучер – Сандево донираше 100 метри квадратни коцка од калдрма која се постави во октомври со што се обезбеди соодветен пристап во паркот. Ова беше најголемата активност со годинашниот проект, се вели во соопштението.

Поради настанатата ситуација со пандемијата, оваа година промоцијата и популаризацијата на архео парк Бразда се одвиваше преку веб-страницата www.arheoparkbrazda.mk и социјалните медиуми.

Проектот е во реализација на Институтот за археолошки истражувања – Скопје преку Националната програма за култура на Министерството за култура за 2020, а е во соработка со надлежната институција на НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска