Затворени два угостителски објекта во Гостивар, поради непочитување на мерките против Ковид-19

Од:

Два угостителски локали во Гостивар синоќа биле затворени а сопствениците уапсени, бидејќи работеле по 18 часот, соопшти МВР.

Синоќа околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18.00 часот и во него престојувале неколку лица.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица.

По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски