Хејгел: Ќе продолжиме со стратешкото „ребалансирање“ во Тихоокеанскиот регион

Од:

САД се против насилна промена на статус-кво ситуацијата со островите Сенкаку во Источнокинеското Море кои се предмет на спор меѓуЈапонија и Кина.

Тоа го изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел во говор на форум за безбедност на министри за одбрана од државите од Азиско-тихоокеанскиот регион.

Тој изрази загриженост од зачестените кибер напади, и дел од нив според САД изгледа имаат врска со кинеската Влада и армија. Хејгел увери дека и покрај големите буџетски намалувања, Пентагон ќе продолжи да преместува армиски единици, воени бродови и авиони кон Тихоокеанскиот регион во рамки на стратешкото „ребалансирање“.

Додаде дека САД нема да дозволат Северна Кореја да се здобие со нуклеарна балистичка ракета и се подготвени за усовршување на системот за ПРО во регионот за да се заштитат себеси и сојузниците од „опасните провокации“ на Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас