Меркел ги повика Германците со видео повици да ги честитаат празниците

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Германците да избегнуваат посети на членови на семејството за време на Божик и наместо тоа да користат видео повици за честитки, како што прават војниците стационирани во странство, додека земјата се бори против Ковид-19.

„Жените и мажите стационирани далеку од дома за да ја осигурат нашата безбедност, знаат што значи да се има ограничен контакт со најблиските“, рече Меркел во неделното видео обраќање.

Таа посочи дека тие знаат што значи да може да се контактира со најблиските само преку Скајп подолг временски период, наместо да бидат заедно со своите.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 31.300 – на 1.471.238, според денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох. Уште 702 лица починаа од вирусот, а бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 25.640.

Меркел испрати емотивни апели пред Божик и Нова година во кои ги повика Германците да избегнуваат непотребно патување и да ги ограничуваат физичките контакти на апсолутен минимум, бидејќи здравствените експерти предупредуваат на можно големо зголемување на инфекциите за време на празниците.

Германија очекува да започне со вакцинирање на населението со вакцина изработена од германската компанија БиоНТек и американската компанија Фајзер на 27 декември.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел