Русија наскоро ќе почне со проширени претклинички испитувања на комбинираната вакцина против сезонски грип и коронавирус, која во моментов се развива, изјави Ринат Максутов, директор на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“.
Максутов за руската национална телевизија изјави дека комбинираната вакцина треба да обезбеди заштита од сезонските варијанти на вирусот на грип и новиот коронавирус, пренесе Тасс.
-Прототипот на вакцината е веќе лабораторсики тестиран врз животни, и се покажа дека предизвикува имунолошки одговор, па затоа сега се донесе одлука да се прејде на проширени претклинички испитувања, рече Максутов.