Запленети околу 100 килограми марихуана во меѓународен канал на дрога

Од:

На Граничниот премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, вчеравечер полицијата при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин пронашла 102 пакувања марихуана, скриени во специјално направен бункер.

Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи го лишиле од слобода А.К.К.(48), од Република Бугарија, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Имено, во периодот од 20.00 до 23.00 часот на Граничен премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со припадници од Царинската управа, при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин А.К.К., била пронајдени 102 пакувања наркотичната дрога марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото, односно околу 100 килограми дрога, се појаснува во соопштението од МВР.

Пронајдената дрога е предадена на СВР Струмица за понатамошната постапка, а лицето е приведено во полициска станица и во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Струмица.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он