ВИДЕО: Во Катар 20.000 гледачи на отворање на нов стадион, сите тестирани на корона пред влезот

Од:

Една од арените на кои ќе се играат натпреварите од Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година, стадионот Ахман Бин Али, денеска беше свечено отворен со финалната средба од Амир Купот, а на трибините присуствуваа 20.000 гледачи, атмосфера што се уште е незамислива во остатокот од светот во време на пандемија.

Сите 20.000 навивачи (половина од капацитетот на новата арена) кои купиле билети за да го следат мечот, биле тестирани на коронавирусот непосредно пред влезот на стадионот, а ова е првпат од почетокот на пандемијата да се изведе таков подвиг пред почетокот на еден спортски меч.

Амир Купот е натпреварување со 48-годишна традиција, во чии рамки силите ги одмеруваат 18 екипи од првата и втората катарска лига. Во годинешното финале, кое беше премиерниот натпревар на величествениот нов спортски објект во близина на Доха, силите ги одмерија екипите на Ал Сад и Ал Араби. Победи Ал Сад, тимот кој од клупата го предводи шпанската фудбалска Чави Ернандез, со 2:1. Ова е 17 трофеј во Амир Купот за екипата, која е најуспешната во историјата на ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ