Драгиша Милетиќ и официјално ја напушти коалицијата на Црвенковски и пратеничката група на СДСМ.
Милетиќ изјави дека од денеска како пратеник на Српската напредна странка ќе гласа самостојно и ќе ги поддржи сите политики кои се за доброто на граѓаните.
Иако во Собранието влезе на листата на СДСМ, тој вели нема намера да го враќа пратеничкиот мандат.
Милетиќ не одговори дали отткако ја напушти пратеничката група на СДСМ, со тројцата пратеници на ПЕИ и Ивон Величковски од ЛП ќе формираат нова пратеничка група во Собранието.
Милетиќ и Црвенковски ги заладија односите, откакко со печатот на Српската напредна странка Стевчо Јакимовски се кандидираше во последен момент за градоначалник на локалните избори.