Тестови за утврдување на присуство на Ковид-19 од денеска се продаваат во аптеките во Србија по цена од 10 евра. Според српските аптекари тие се достојна замена за ПЦР тестот и едноставна е нивната употреба.
Тестовите се многу сензитивни, односно со прецизност до 98%, произведени се во Јужна Кореjа, и секако одобрени се од Агенцијата за лекови на Србија.
Овие тестови ќе им помагаат на пациентите на време да сознаат дали имаат коронавирус, да направат разлика дали се работи за обиечен вирус, Ковид-19 или настинка, а и многу се поевтини од сегашните тестови кои се прават во приватните лаборатории.