Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе создаваат и ќе водат подкасти за стриминг сервисот Спотифај, соопшти денеска шведската компанија.
Според повеќегодишниот договор меѓу нивната компанија „Arccvel Audio“ и музичкиот сервис, брачната двојка ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот и ќе презентираат различни перспективи и ставови, се наведува во соопштението на Спотифај.
Компанијата која е светски лидер на пазарот за музички стриминг подкастите бесплатно ќе ги прави достапни до сите.
Спотифај нуди повеќе од 1,5 милион наслови на подкасти како што се „Мишел Обама подкаст“ и „Мама знае најдобро“ од инфлуенсерот Едисон Реј и има повеќе од 320 милиони активни корисници месечно.
Првиот подкаст на Хари и Меган ќе биде празничниот специјал, што ќе биде составен од приказни за надежта и сочувството поврзани со новогодишната прослава.