Мажите мислат дека нивните жени на гардероба имаат потрошено цело богатство, а и не се далеку од вистината бидејќи едно истражување направено од „Sure Women“ покажа дека за време на својот животен век, жените трошат на гаредероба во просек околу 100.000 евра.
Во спротивност од тој факт, 60% од нив секојдневно водат борба со немањето што да облечат.
Во студијата се вклучени повеќе од 1.000 возрасни жени. Сите тие во текот на годините купиле околу 3.100 парчиња од кои 270 пара чевли, 185 фустани и 145 женски чанти. Кога ќе се пресмета цената на сето ова, жените трошат најмалку 100.000 евра за облека и обувки во текот на својот живот.
Истражувањата покажаа дека повеќе од 40% од жените најмалку двапати дневно ја менуваат својата облека. Се шминкаат најмалку петпати на ден, а една од четири жени се гледа во огледалото повеќе од 5 пати на ден. Околу 10 % од жените купуваат барем една наметка или моден додаток секоја недела, а 14 % од испитаничките признават дека својата „шопинг“ манија понекогаш вешто ја кријат од партнерот.
„Жените никогаш немаат доволно облека. Тие го чувствуваат притисокот на модните трендови кој се развива многу брзо и не е лесно да се следи. Ова значи дека поради ваквиот притисокот жените секогаш се чувствуваат како да мораат да купат нешто ново “, објасни психологот Џули Спајрмен.