Во Охрид денеска ќе се одржи формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички vo Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во рамките на македонското претседавање со Процесот.
Во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи Никола Попоски.
На состанокот ќе присуствуваат и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, генералниот секретар на Регионалниот sовет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други претставници на меѓународни организации.
Министерот Попоски ќе ги информира присутните за реализираните приоритети за време на македонското претседавање со Процесот, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ и перспективите за еЕвропската интеграција на земјите од регионот.
Предвидено е и одбрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот 2012 – 2013, одобрување на тригодишната Стратегија и Програма на РСС за периодот 2014 – 2016.