Во Тирана вечерва се одржа шестиот по ред протест за убиството на 24-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец.
Протестот мина мирно, без инциденти, со марширање на учесниците кои беа многу помалубројни од претходните денови.
Тие со собраа на плоштадот „Скендербег“ откако претходно беа контролирани од полицијата. Потоа продолжија кон владата, носејќи плакати и извикувајќи „Рама, оди си“ „долу комунизмот“ „долу диктатурата“ за на крајот повторно да се вратат од каде што тргнаа.
По оставката на министерот за внатрешни работи Скендер Лешај, демонстрантите сега бараат оставка и на генералниот директор на државната полиција Арди Велиу и ослободување на сите притворени демонстранти.
Полицијата претпладнето предупреди дека се забранува групирање на повеќе од 10 лица и доколку дојде до тоа ќе биде разбиена секоја побројна група. Сепак, иако можеа да се видат групи со повеќе од десет лица, полицијата не реагираше.
Пред Министерството за внатрешни работи и пред Владата големо беше прсуството на полицијата, но немаше потреба да интервенира.