Новинарите утре на простести пред Кривичниот суд

Од:

Новинарите преку Фејсбук се самоорганизираат за протест утре во 12 часот пред скопскиот Кривичен суд, против одлуката на истражниот судија, кој на новинарот Томислав Кежаровски му одреди мерка притвор од 30 дена до подигнувањето на обвинителниот акт од страна на јавниот обвинител за организиран криминал.

Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“, причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.

Направена е и онлајн петиција со наслов „Слобода за новинарот Томислав Кежаровски“.

Новинарот Томислав Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“ и се наоѓа во 30-дневен притвор во Истражниот затвор во Скопје. Причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.

Заштитениот сведок „Бреза“, Златко Арсовски, во февруари годинава на рочиштето во скопскиот суд самиот го разоткри својот идентитет. Заштитениот сведок Арсовски сензационално изјави дека луѓе од полицијата со уцени и закани го принудиле да сведочи против обвинетите за убиството во случајот „Ореше“, иако не знаел ништо за убиството.

По оваа изјава судот донесе ослободителна пресуда за двајцата обвинети. Сведокот Арсовски исто така изјави дека спогодбата за заштитен сведок ја потпишал во јануари 2010 година.

Автор на петицијата е Зоран Димитровски.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Објавено видео: Ликвидиран командантот на специјалните сили на Хезболах

A1on

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on