Градското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заврши вечерва без голови и без преголеми возбудувања на теренот.
Сити влезе во пресметката со градскиот ривал како фаворит, но остана само на двата обиди на Габриел Жезус и Ријад Марез во првиот дел.
Јунајтед во второто полувреме се понадева на пенал по прекршокот на Кајл Вокер над Маркус Рашфорд, но одлуката беше поништена по консултација со ВАР собата поради офсајд.
По некомплетнто 11. коло во Премиерлигата, Јунајтед во моментов е на 7. позиција со 20 бодови, место погоре и бод повеќе од Сити.