Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, застана во одбрана Месут Озил, нарекувајќи го „фудбалски уметник“.
Озил, кој со неделна плата од 350.000 фунти е меѓу најплатени играчи на Арсенал, нема настап за својот клуб од 7 март годинава, а тренерот Микел Артета неодамна беше недвосмислен дека Германецот не е во неговите планови за оваа сезона.
„Да се работи со Озил воопшто не е тешко. Тој беше момче со посебни квалитети како креативен играч и имаше потреба да се забавува. Тој е уметник и таквите луѓе се почувствителни. Имаат потреба од поддршка, која кога ќе ја добијат го покажуваат најдоброто од себе“, изјави Венгер.