ОНЕ: Телевизиите што ќе ги исполнат условите ќе емитуваат дигитално

Од:

Компанијата ОНЕ, избрана на тендер да ја спроведе дигитализацијата во Македонија, денеска соопшти дека е комплетно подготвена целиот процес да профункционира на предвидениот датум задутре (1 јуни).

Од ОНЕ тврдат дека сите национални и регионални телевизии во Македонија кои добиле лиценца од Советот за радиодифузија и кои потпишале договор со нив и навреме ја обезбедиле потребната техничка опрема на 1 јуни ќе бидат емитувани дигитално преку платформата на ОНЕ.

До овој момент, според соопштението, на дигиталната платформа на ОНЕ се поврзани сите национални телевизии и дел од регионалните. Останатите регионални телевизии ќе бидат приклучени на дигиталната платформа, како што ќе ги исполнуваат техничките услови.

– За секоја новододадена телевизија ОНЕ континуирано и навремено ќе ги информира гледачите преку порака која ќе се појави на нивните ТВ екрани, доколку имаат дигитален приемник (сет-топ-бокс) од ОНЕ, а сите останати на инфо каналот, како и на веб страната на ОНЕ, во доменот „дигитализација“, соопштува ОНЕ и апелира до граѓаните кои досега ја следеле телевизиската програма аналогно со антена, доколку не набавиле дигитален приемник, тоа да го сторат до 1 јуни за да можат да ги следат програмите дигитално.

Дигиталните ТВ приемници на ОНЕ (сет-топ-бокс) уреди можат да се набават во сите продажни салони и дистрибутивната мрежа на ОНЕ и во поголемите ланци на продавници за техничка стока во Македонија (АМЦ, СЕТ Компјутери, НЕПТУН), односно во над 1.000 продажни места низ земјата.

Би можело да ве интересира

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Бавна дигитализација и недостаток на кадар за поддршка на елексторските услуги кои ги нудат институциите

Катерина Ѓуровски

Почина Барбара Волтерс

Пендаровски: Неопходно е дигитално описменување и создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани

А1он

Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

Шаќири: Македонија лидер во регионот во процесот на дигитализација

А1он