Телекомуникацискиот оператор Оне апелира, граѓаните кои досега ја следеле телевизиската програма аналогно со антена, доколку досега не набавиле дигитален приемник, тоа да го сторат до 1 јуни за да можат да ги следат програмите дигитално.
„Дигиталните ТВ приемници на Оне (set-top-box) уреди можат да се набават во сите продажни салони на Оне, во дистрибутивната мрежа на Оне и поголемите синџири на
продавници за техничка стока во Македонија (АМЦ, СЕТ Компјутери, НЕПТУН), односно во над 1000 продажни места низ земјата“, соопшти Оне.
Сите продажни салони на Оне, за време на претстојниот викенд, 1 јуни, во сабота,
ќе работат од 8 до 21 часот, а на 2 јуни, во недела, од 8 до 17 часот.