Полицајци-измамници од кумановско нуделе лажна услуга, ги фатиле во Визбегово со обележани пари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Измама, предвидено и казниво согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како соизвршители на кривичното дело, лицата на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, стапиле во контакт со едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет, велат од Обвинителството.

Со намера за себе да прибават противправна имотна корист, тие му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против правно лице од Куманово се води постапка од одделението Интерпол при МВР Скопје. Притоа тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето. Оштетениот го одржале во заблуда така што му прикажале лажни факти дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат сопруга и братучед на еден од осомничените, па му побарале пари за предметот против правното лице да биде затворен, се вели во соопштението од Обвинителството.

На договорена и остварена средба со оштетениот на 8 декември во Визбегово, оштетениот им исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај еден од осомничените.

Имајќи предвид дека постои опасност од бегство и присуството на осомничените во текот на постапката не може да се обезбеди со ниту една друга мерка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 8 дена​.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

СДСМ: Срамно, се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наим Рамука

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тројца полицајци се снимале како незаконски пукаат од „калашников“, сега заработија пријави

Горан Наумовски

Беровчанец со автомобил прегазил полицаец, а на друг полициски службеник му упатувал закани

Странци пријавиле двајца полицајци дека им барале поткуп – поведена е дисциплинска

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство