Во Албанија 802 новозарaзени и 12 починати во изминатите 24 часа

Од:

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 802 случаи со Ковид -19, што е една од највиските бројки на новозарзени на дневно ниво.

-Новозаразените се од направените 2.604 тестови што е околу 32 отсто од тестираните, при што Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста каде се 310 од новодијагностицираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 527, додека починаа 12 пациенти, на возраст од 51 до 83 години, информираше Министерството за здравство.

Во четирите ковид болници хоспитализирани се 451 пациент, 37 се на интензивна терапија а 12 се интубирани.

Од почетокот на пандемијата направени се 216.441 тестови,позитивни биле 46.863 лица, оздравеле 24.136, починале 977, додека активни на болеста се 21.750 лица.

Во меѓувреме министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, при посетата на регионалната болница во Драч, изјави дека брзите тестови, кои почнаа да се применуваат во понеделникот во Тирана, денеска се дистрибуирани во сите единици за јавно здравје во земјата.

Најави дека брзите тестови од 20 овој месец ќе бидат достапни и во сите здравствени установи во земјата и оти се прават напори вакцинацијата против коронавирусот да почне најдоцна во февруари.в

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“