Германија од следната година ќе почне да депортира кривично осудени сириски бегалци

Од:

Германија денеска соопшти дека ќе дозволи идната година да истече важечката забрана за депортација на Сиријците, доколку тие претставуваат безбедносен ризик, а одлуката ќе ги засегне само дојденците од Сирија што се кривично осудени.

Германија прими стотици илјади мигранти од Сирија во 2015-2016 година, но властите соопштија дека ќе биде потребно време за укинување на некои мерки против протерувањето на бегалците.

– Општата забрана за депортација во Сирија ќе истече на крајот на годината. Тие кои извршиле злосторства или планираат да извршат терористички напади, со цел сериозно да и наштетат на нашата земја и на населението, ќе мора да ја напуштат нашата земја, изјави државниот секретар во германското Министерство за внатрешни работи, Ханс-Георг Енгелке.

Тој посочи дека во Германија

Одлуката за депортација на бегалците од Сирија беше донесена на состанокот на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и неговите колеги во 16. сојузни германски држави, а наиде на критики од групите за човекови права.

Социјалдемократите, партнери во коалициската Влада на канцеларката Ангела Меркел, не успеаја за шест месеци да ги продолжат мерките за заштита на мигрантите, што се во сила од 2012 година. Тие тврдат дека ситуацијата во Сирија ги спречува бегалците да се вратат во татковината.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД