Потпишан договорот за изградба на Западната трибина на штипскиот стадион

Од:

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муарем Сејдини потпишаа договор за изградба на Западната трибина на градскиот стадион во Штип.

Договорот ги содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и Општина Штип.

Миланов истакна дека му е огромна чест што започнува со изградба еден ваков проект кој ќе значи многу за Штип и штипјани.

– Денеска потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на спортот, вели Миланов.

Претседателот на ФФМ, Сејдини потврди дека ова е многу значајна инвестиција не само за Штип туку и за цела држава.

– За една година Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако Општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде ќе може да настапува и нашата репрезентација, рече Сејдини.

Миланов потенцираше дека локалната самоуправа придонесува Штип и штипјани да добијат нов и модерен градски стадион, посетуван од целата држава. Капиталните инвестиции остануваат приоритет на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија