Димитров: Идниот понеделник состанок на Националниот инвестициски комитет

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска, на состанокот на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан, соопшти дека идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет. Комитетот, како што рече, ќе направи ревизија на единствената листа на проекти и ќе утврди кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план.

Димитров ја потенцираше важноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан, потсетувајќи дека во Северна Македонија досега се финансирани 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарда евра во грантови и заеми. Тоа, според него, е значителна поддршка на капитални инвестиции.

-Идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет на кој прв пат ќе претседава премиерот и ќе се направи ревизија на единствената листа на проекти, а паралелно ќе се утврди и кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план, истакна вицепремиерот, претставувајќи ги плановите на Владата за спроведување на Економскиот инвестициски план.

Економскиот инвестициски план на состанокот го презентираше еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он