Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе се обрати пред европратениците во рамки на дебатата за резолуцијата на Европскиот парламентот за Северна Македонија.

Османи попладне е поканет за размени мислења со европратениците членови на Комисијата за надворешни работи, кога известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук ќе го презентира својот извештај за напредокот на земјата.

Европратениците имаат уште неколку дена да поднесат амандмани за овој извештај, а денеска ќе имаат можност да му постават прашања на шефот на македонската дипломатија, два дена по блокадата од Бугарија за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Се очекува пратениците да се интересираат за добрососедските односи, домашните реформи и надворешната политика на Северна Македонија.

Нацрт резолуцијата на Ќучук, ги поздравува напорите за интеграција на ЕУ на државата, ги охрабрува властите да вложат дополнителни напори во борбата против корупцијата, владеењето на правото, и го поздравува политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски