Тренерот на Малага Мануел Пелегрини потврди дека постигнал договор со сопствениците на Манчестер Сити и оти се сели во Англија.
– Постигнавме устен договор и се надевам дека работите ќе продолжат да се движат во добар правец, изјави Пелегрини.
Парагвајскиот стратег треба да дојде на местото на Роберто Манчини кој доби отказ поради незадоволителните резултати на Манчестер Сити оваa сезона.
Мануел Пелегрини во својата кариера тренирал 10 клубови меѓу кои и деветкратниот европски шампион Реал Мадрид.