Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека при евентуален референдум верува оти граѓаните на Шкотска би гласале да останат дел од Велика Британија.
Тој во обраќањето пред Парламентот потсети дека мнозинството граѓани на Шкотска на референдумот во 2014 година се изјасниле да останат дел од Обединетото Кралство.
– Верувам оти тоа беше исправна одлука и верувам дека, ако некогаш биде поставено истото прашање ист би било одговорот, посочи Џонсон.