Ќучук: Со блокадата на Скопје и Тирана, губат и Брисел и Софија

Од:

Со блокадата на Северна Македонија и Албанија, освен Скопје и Тирана, губат и ЕУ и Бугарија, како и другите земји во регинот, смета бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Бугарија е една од државите што ја ставија евроинтеграцијата на земјите во регионот на многу високо место во својата агенда. Во исто време, јасно е дека со политичка блокада, нема да има победници, и сите ќе изгубиме. ЕУ ќе изгуби затоа што ќе биде поткопан нејзиниот кредибилитет, ќе се покаже како неспособна за решавање на големи геополитички прашања и да биде глобален играч. Ќе изгубат Република Северна Македонија и Албанија затоа што вложија големи напори на патот кон членствово ЕУ. На крај, но не и најмалку важно, ќе изгубат и нивните соседи, бидејќи процесот на интеграција бара градење на добрососедски односи, кои се поврзани со расчистување на историските спорови, истакна Ќучук.

Тој смета дека бугарската позиција кон Скопје е неразбирлива за другите земји од ЕУ, а Владата во Софија не направила ништо да ја образложи и објасни.

Илхан Ќучук заедно со уште дваесеттина европралементарци потпишаа декларацијата со која бараат од Советот на ЕУ да се доблокира евроинтеграцијата на С Македонија и на Албанија.

– Ова е позиција на 24 колеги кои имаат формална улога во процесот на интеграција на Западен Балкан. Таа има за цел да им пружи рака на двете земји, но исто така и на државите кои имаат скептичен поглед на политиката на проширување на ЕУ. Несомнено, актуелните противречности во ЕУ се големи, а ние мора да ги почитуваме очекувањата на европските граѓани, но и ветувањата кон земјите од Западен Балкан за нивниот пат кон членството во ЕУ, истакнува бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд