Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО) – Битола денеска ќе се одржи хибриден Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната Агенција за Еразмус + со учество на продеканите за настава и меѓународна соработка на единиците на факултетот и еразмус координаторите на единиците, универзитетската канцеларија и академски кадри од Универзитетот задолжени за академска мобилност.
На форумот ќе се изврши презентација на наодите од Анализата за идентификување на капацитетите на ВОИ (факултетите и високите стручни школи) за новата финансиска рамка, Еразмус студентска картичка и дигитализација во високо образование и на новитетите во програмата ЕРАЗМУС+ 2021 – 2027 со цел поефикасно да се искористи од студентите и академскиот кадар, соопштуваат од УКЛО.
Најавена е и работна средба на директорот на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски со ректорот УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, проректорот и институционалниот Еразмус + координатор на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и ректорскиот колегиум на Универзитетот.
-За време на посетата ќе се разгледаат можностите за интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус + соработка и размена на студенти и професори. Имајќи го во предвид значењето на европските програми од доменот на високото образовани меѓу кои и најголемата програма Еразмус + се работи на потребата од нејзина промоција и приближување до непосредните корисници студентите и професорите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, стои во соопштението.