Царовска: Образовниот модел што го избравме дава разултати, така да продолжиме и во наредниот период

Од:

Моделот што како држава го избравме за спроведување на образованието во време на Ковид-19 или во учебната година која што е тековна, покажа успешни резултати, сметам дека на овој начин треба да продолжиме и во наредниот период, Доколку се создадат услови за сите ученици да се вратат во училница, тоа ќе го направиме, нагласи на денешната прес-конференција министерката за образование Мила Царовска.

Таа, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се планира во второто полугодие од оваа учебна година учениците да се вратат во училишните клупи, рече дека ако се создадат услови ќе се вратат, но за тоа сепак одлучуваат здравствените власти во координација со Министерството за образование затоа што, како што истакна, кај нив е знаењето и концептот за надминување на пандемијата којашто е здравствен проблем во моментов, а на кој што образованието се прилагодува затоа што имаме единствена цел да го заштитиме здравјето на наставниците, учениците и целото население и исто така да имаме и континуитет на образование.

Царовска потенцираше дека 90 проценти од учениците и наставниците без никаков проблем спроведуваат или слушаат онлајн настава.

– Првото тримесечје помина без поголеми проблеми, оценувањето заврши во петокот. Имав состанок со сите директори на основни и средни училишта, не кажаа дека постоеле предизвици и ако во некои се појавиле предизвици тие ги надминале заедно со наставниците и со дел од семејствата, доколку требало да се направи оценување со физичко присуство. Кај дел од училиштата се појавува и денови отворени за консултации со учениците за да може да се надополни знаењето коешто можеби е испуштено заради следење на настава преку телевизија, рече Царовска.

Министерката за образование наведе дека позитивни со статус од 4 декември се 76 ученици и 167 наставници.

– Ова укажува дека протоколите во целост се спроведуваат и дека засега немаме интерно ширење на болеста во училиштата. Затоа образовниот систем треба да продолжи да работи на начин на кој што ја започна учебната година, посочи Царовска.

Во однос на оценувањето на учениците, министерката истакна дека тоа завршило без поголеми предизвици.

– Ако се сеќавате минатата година немаше континуитет во наставата заради шокот којшто го доживеа образовниот систем заради соочувањето со пандемијата, па оценување имаше на крајот на годината, што укажува дека оваа година уште подобро во континуитет се одвива наставата на три различни начини со оставена можност и за физичко присуство, доколку тоа е потребно за утврдување на знаење или за презентација на одредени тематски целини, кон ученици кои можеби не можат на друг начин да следат и затоа оценувањето заврши без поголеми предизвици. Исто така ќе се случи и на полугодие и на другото тромесечје и на крајот на годината. Јас сум сигурна дека ќе имаме успешна учебна година како што имавме и успешно прво тромесечје и на крајот матурантите ќе може да полагаат и матура, заради тоа што е значајно да не правиме компромис со квалитетот на образование, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови