Околу 85 проценти од граѓаните на американската сојузна држава Калифорнија од денеска во следните три недели ќе бидат во карантин. Приближно 80 милиони луѓе во Калифорнија и за Божиќ ќе бидат затворени со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.
Голем број фабрики се затворени, продавниците ќе работат само 20 проценти од капацитетите, јавните собири се забранети, а од граѓаните се бара да останат дома и да ги минимизираат контактите. Кафулињата, фризерските салони и ресторани без тераси се затворени. Карантинот ќе трае најмалку три недели односно се додека капацитетите на единиците за интензивна нега не се вратат над 15 проценти.
Изминатите недели во САД е регистриран пораст на новозаболени со Ковид-19, но зголемен е и бројот на смртни случаи. Порастот се поврзува со Денот на благодарноста, поради кој милиони Американци патуваа празникот да го поминат со семејствата.