Во денешниот напад на американско беспилотно летало во регионот на Северен Вазиристан е убиен Вали ур Рехман, вториот човек во хиерархијата кај пакистанските талибанци, изјавија припадници на службите за безбедност.
Вали ур Рехман требаше да го наследи Хакимулар Махсуд на местото лидер на пакистанските талибанци.
Пакистанските талибанци се посебен ентитет и се во сојуз со авганистанските талибанци. Тие почнаа со напади против пакистанските сили и цивили.