Фејсбук ќе „гради“ телекомуникациски кабел до Азија

Од:

Одговорните лица во „Фејсбук“ соопштија дека нивната компанија ќе инвестира во изградба на подводен телекомуникациски кабел што ќе спојува побеќе земји од Азија.

Според плановите, изградбата на кабелот „Asia Pacific Gateway“ ќе чини 450 милиони долари и треба да биде завршен до 2014-та година. Ќе стартува од Малезија, Јужна Кореја, Јапонија, потоа во Кина, Хонг Конг, Сингапур, Тајван и Виетнам. Капацитетот на кабелот ќе биде 54,8 терабити во секунда, каналите 40 гигабити во секунда, а ќе може да се надоградува со дополнителни 100 гигабити во секунда.

Во финансирањето на изградбата покрај компанијата на Фејсбук, учествуваат и Time dotCom (Малезија), China Mobile, China Telecom, China Unicom (сите три од Кина), Chunghwa Telecom (Тајван), KT Corporation, LG Uplus ( двете од јужна Кореја), NTT Communications (Јапонија), StarHub (Сингапур), Viettel Group, Vietnam Posts and Telecommunications Group (двете од Виетнам).

„Со новиот телекомуникациски кабел ќе е овозможи подобара комуникација со нашите клиенти во овие земји“,  изјавија од Фејсбук.

 

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он