Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер ја погоди утрово Албанија.
„Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометерологија и сеизмологија во 7 часот и 19 минути регистрираше земјотрес со средна јачина со епицентар 28 километри северно од Драч. Силата на земјотресот беше 4.4 степени по Рихтеровата скала“ – стои во соопштението од институцијата.
Според прелиминарните податоци, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри. Врз основа на теорискиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можел да предизвика помали материјални штети во епицентралното подрачје соопштуваат од Сеизмолошкиот завод.