СДСМ: Помош од 6.000 денари за 283.000 граѓани, продолжува вистинската грижа за сите

Од:

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите компании погодени од последиците на пандемијата со коронавирусот.И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, Собранието го усвои законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, како и законот, со кој обезбедува финансиска поддршка за ублажување на последиците од коронакризата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија – потенцираат од СДСМ ден по усвојувањето на законот за финансиска поддршка кој е дел од четвртиот сет мерки за помош во кризата настаната од пандемијата на короанвирусот.

„Со ова над 283.000 граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, ќе добијат 6.000 денари за купување македонски производи и услуги.Оваа е дел од четвриот пакет економски мерки за помош и поддршка во кризата за граѓаните и за компаниите, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните полесно да ги поднесат последиците од коронакризата, а истовремено се раздвижува домашната економија“ – стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ