Со голем пресврт Србија го урна светскиот шампион Холандија

Од:

Репрезентацијата на Србија ја оствари првата победа во воведниот настап на женското ракометно првенство кое се одржува во Данска. Србинките направија голем пресврт и по негативата од шест гола на полувремето славеа со 29-25. На паузата Холанѓанките имаа 9-15.

По слабото прво полувреме во вториот дел селекторот на Србија ја смени тактиката и одигра со седум на шест во нападите што донесе резултат. Со серија од 6:0, Србинките се вратија во игра, а во завршницата подобро се снајдоа и стигнаа до првата победа на првенството.

Катарина Крпеж Слезак ја предводеше Србија до победата со одлично издание особено во второто полувреме, постигна 11 гола и беше прогласена за играч на натпреварот. Во репрезентацијата на Холандија, Даник Снедлер со пет гола беше најефикасна, а не помогнаа ниту 15 интервенции на Тес Вестер. Селекцијата на Србија во првото полувреме остана без Андреа Лекиќ кој заработи повреда.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски