ВИДЕО: Експлозија во Белград, едно лице загина, две се повредени

Од:

На паркингот пред зградата на РТС во Белград утрово одекна експлозија, во која едно лице загина, а две се потешко повредени.

На местото на инцидентот веднаш пристигнала екипа на Брза помош и констатирала смрт на работникот Т.Н. (65), додека работникот П.З. (64) е пренесен во Ургентниот центар за реанимација, како и работникот Н.П. (50) кој се здобил со повреди на главата.

Работниците вршеле поправка на системот за климатизација на РТС, а загинатото лице бил вработен во компанијата „Енинг енергетика“.

Од детонацијата неколку автомобили на државната телевизија се уништени, а искршени се и прозорците на делот од зградата на РТС.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија